October 18, 2021, 4:40 pm

(Видео) Јан Фигел ја спopeди Македонија со Судан: Вархеји мораше да се јавува за поранешниот еврокомесар да го посети Камчев во зaтвopoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Гвантанамо е со помалку рестриктивни мерки од македонските затвори“, истакна Александар Митовски во денешнот гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа, коментирајќи ја посетата на поранешниот еврокомесар Јан Фигел на Орце Камчев во скопскиот затвор.

„Ситуацијата околу затворот, влегувањето на Јан Фигел, посетата на Орце Камчев, таму има единствено правило, таму има едноствено правило, јасна законска определба како некој може да везе на посета кај затвореник, тоа е, судијата дава дозвола или одбива да даде дозвола. Во оваа ситуација, судијата не рекол ни да ни не, решението на судијата било, од мене нема проблем, ама видете со директорот на затворот. Директорот на затворот, затоа што е вака, не би рекол политички неук, туку општо неук, веројатно не знаел за кој човек станува збор, решил да не го пушти, стигнало тоа до Вархеи, Вархеи пред да тргне на пат кон МАкедонија му се јавил на премиерот, премиерот на министерот за правда Маричиќ, Маричиќ на директорот, за да го пуштат да влезе внатре. Ако е некој во оваа ситуација виновен зошто ова се случило така, тоа е судијата, затоа што судијата морал да каже да или не, ама од тка па и се гледа со каква кичма располага македонското судство. Не може судијата да се плаши да донесе сопствена одлука за да не му замери некој од власта, па вели од мене нема проблем, како ќе каже шефот“, појаснува Митовски.
МИтовски додаде дека оваа ситуација е тест кој само го потврди она што сите го знаеме за состојбата во македонските затвори, и за третманот на затворениците, кој, според Јан Фигел е полош од земји како Камбоџа, Суда и Сирија.

„И една добра лакмус хартија беше оваа ситуација за да видиме како ни стои судството. Не дека не знаевме, ова ние уште една потврда. Инаку Јан Фигел, кај мене во интервју, ја спореди Македонија со Камбоџа и со Судан, со Сирија. Таму нема проблеми за да влезе во затвор, но ги спореди условите во коишто се чуваат политички затвореници во овие земји и во Македонија, и дури рече дека во некои ситуации условите во Македонија се полоши, Не сретнал до сега ситуација во која затвореник, не е ни затвореник, Камчев е притворен, се држи пет дена без вода, во метар ипол на метар ипол ќелија, без доток на чист воздух, без редовна храна“, вели Митовски.

Тој потсети дека меѓународната заедница е добро запознаена со состојбата во македонските затвори, како и злоупотребата на мерката притвор, како во случајот со Орце Камчев, кој е во притвор во притвор веќе осум месеци во крајно нехумани услови, за што власта беше и предупредена од Стејт департментот
„За притворот беа предупредени македонските судии, обвинители, и власта, беа предупредени од Стејт департментот, којшто ги прекори за злоупотреба на мерката притвор којашто се користи како казна иако не е изречена казна, и во ситуацијата со Камчев, јасна е ситуацијата, таму нема доволни докази, јас ги следам тие рочишта, нема доволно доказе да неоспорно да се детектира вина кај било кој од обвинетите и ова е единствена шанса вака да се држи во затвор човек којшто не е виновен. Рочиштата се небулони, и кога не би биле трагични, би биле комични. Таму се зборува за општо познати работи, но се оддолжува процесот намерно се зборува за еден доказ четири часа. За една страниза доказ четири часа се зборува и завршува рочиштето. И следното рочиште е за недела дена И така, недела по недела, осум месеци, човек за којшто нема докази седи во затвор. И тоа може во моментов е Камчев, утре ќе биде Љупчо, ќе биде Александар, ќе биде било кој. Тоа мора да се стави крај и мислам дека тоа е еден, не Камчев, но злоупотребата на судскообвинителскиот систем и злоупотребата на таа моќ, особено со новиот закон за јавно обвинителство, злоупотребата на таа моќ е една од причините поради која што мислам дека на овие избори она опозициско расположение кај граѓаните ќе дојде до израз“, истакна Митовски.

Latest News

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 50 илјади гласа разлика

ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 50 илјади гласа разлика. Убедлива победа во советите објави денеска Владо Мисајловски Тој вели...

More Articles Like This