ЈАС МИНИСТЕР НА ЗАЕВ? НИКОГАШ!: Зијадин Села ја расипа „калимерата“ со Зоран Заев!

  • October 31, 2017

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ги негираше гласините дека тој ќе го замени својот соработник Арбен Таравири на функцијата министер во Министерството за здравство, по објавувањето на статии во неколку медиуми дека поранешниот шеф на Струга е еден од потенцијалните кандидати за министер на здравствената заштита.

 

Села за ова за Макфакс вели дека нема намера да биде министер на Заев.

-Јас министер на Заев? Затоа, ве молам, јас се сметам себеси за личност со доверба и интегритет, рече Села без наведување дали тоа би значело дека Алијансата за Албанците ќе ја напушти коалициската влада.

tetova1 (Almakos)

Претходно «
Следно »