October 24, 2021, 4:23 am

Јоаникије бeceн: Нека ми извинат Цетињци, ама немаат своја држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На два дена пред устоличувањето на митрополитот Јоаникије во Цетиње искри летаат и во Црна Гора и во Србија, а за „голема загриженост“ веќе се огласија и ЕУ и ОН, пишува Република.рс. Скандалозната изјава дека „Цетињци немаат своја држава“ и дека тие „се негов народ само не го препознаваат“ на Јоаникије сепак заврши со мислата дека „не сака да кара со своите браќа“.

Претпоставувам дека северот на Црна Гора е исто така Црна Гора, не само Цетиње. Нека ми извинат сите жители на Цетиње, но тие сè уште немаат создадено своја држава наречена Цетиње. Но, добро, ние работиме во мир и не сакаме да се расправаме и не сакаме да придонесеме за таа врева што се крена деновиве. Затоа, заради братска љубов и хармонија, ние нема да придонесуваме за понатамошно зголемување на тензиите, нема да придонесуваме за братски конфликти, правиме сè што можеме за да се случи мирно, да испратиме пораки за мир. Не сакаме да се караме со нашите браќа, тие се наши браќа, тие се мои браќа, тие се мојот народ, иако не ме препознаваат – рече Јоаникије.

Иако митрополитот Јоаникије повикува на мир и хармонија во недела, на 5 септември, од друга страна, Црна Гора најавува хаос. Имено, болницата во Цетиње ги испразнува креветите во случај на немири на денот на устоличувањето.

Обединетите нации и Европската унија изразија загриженост поради „зголемените тензии и реторика на поделби“ во пресрет на устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква, Јоаникије в недела на 5 септември во Цетиње, јавува МИА.

Ги повикуваме сите, особено оние на позиција на авторитет и влијание, со свој пример да дадат директен придонес за смирување на тензиите и градење доверба, изјави постојаниот координатор на ОН, Питер Лундберг, во име на тимот на ОН во Црна Гора, по повод моментната ситуација во земјата.

Како земја членка на ОН, Црна Гора, според него, покажа силна посветеност кон инклузивност, почитување на различните мислења и заштита на човековите права на сите.

Ова е момент за сите ние да се потсетиме на важноста од прифаќање на различноста и заемно почитување во духот на тие заеднички вредности, заклучи Лундберг.

Агенцијата Бета, исто така, дознава дека некои луѓе од Цетиње одлучиле да ги преселат своите жени и деца во некои од другите градови во Црна Гора за претстојниот викенд од страв за нивната безбедност.

Премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ денеска свика седница на Советот за национална безбедност, на која се анализира актуелната безбедносна ситуација.

Кривокапиќ претходно изјави дека нема да присуствува на устоличувањето на митрополитот Јоаникије во Цетиње, велејќи дека е можна забрана за настанот доколку ризиците претставуваат опасност за граѓаните.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This