December 6, 2021, 7:16 am

Јовески: Делот околу моторот на автобусот не бил зафатен од пожарот, таму биле тубите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот човек на јавното обвинителство Љубомир Јовески потврди дека еден од преживеаните патници му кажал дека од автобусот се спасиле 8 лица.

-Да, точна е информацијата. Но тоа е само негово забележување и јас верувам дека овие факти ќе се утврдат низ материјални докази, изјави тој во интерју за Сител.

Јовески вели дека нема информација дека арапски државјанин е меѓу преживеаните патници. Вели дека Обвинителството ја запленило целта документација и компјутерите во Беса – Транс која треба да даде повеќе одговори на тоа кој патувал во автобусите.

Обвинителот Јовески вели дека сопственикот на компанијата го видел на местото на незгодата но не разговарал со него бидејќи се уште не знае во какво својство ќе биде тој вклучен во истрагата, односно дали ќе биде обвинет или сведок.

Јовевски за Сител вели дека на местото на несреќата видел 4 пластични туби кои биле сместени во делот кај што е моторот. Тој потврди дека токму тој дел воопшто не бил зафатен од пожарот.

Latest News

Огромен астероид ќе влезе во орбитата на Земјата следната сабота

Огромен потенцијално опасен астероид, поголем од Ајфеловата кула, ќе влезе во орбитата на Земјата на 11 декември, објави американската...

More Articles Like This