ЈОХАНЕС ХАН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Со нетрпение ја очекувал средбата во Скопје со Османи и Димитров

  • November 14, 2017

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан наредната недела доаѓа во Македонија.

Посетата на Скопје тој ја најави на Твитер по средбите во Брисел со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

– Со нетрпение ја очекувам мојата посета на Скопје, следната недела, во рамки на која ќе имам политички средби, но и средби со претставници на цивилното општество, објави Хан на својот налог на Твитер.

Претходно «
Следно »