ЈОХАНЕС ХАН СО ПРЕДЛОГ ДО КОСОВО: Укинете ги таксите кон Србија и Косово ќе биде признаено во ЦЕФТА договорот!

  • January 22, 2019
  • Коментари

Европскиот комесар Јоханес Хан на косовските власти им понуди замена за укинување на данокот од 100% за производи увезени од Србија и Босна и Херцеговина, јавува „Клан Косова“.

Како шти е наведено во медиумот, Хан понудата ја дал пред средбата на претседателот на косовското собрание Кадрија Весељи, косовскиот премиер Рамуш Харадинај и амбассадорот на САД во Приштина Филип Коснета, пренесува РТС.

Понудата вклучува отстранување на името Умник  од ЦЕФТА договорот, и повторни преговори за трговските односи помеѓу засегнатите страни како и решавање на спорот за регистрација на возилата.

Привремените приштински институции на 21 ноември 2018 година воведоа данок од 100% на производи увезени од Србија и БиХ. Последните денови се соочуваат со зголемени притисоци, пред се од САД, данокот да се укине.

Косовските власти и  понатаму наведуваат дека признавањето на Косово од страна на Србија е услов за укинување на данокот.

Претходно «
Следно »