ЈО не открива кога Катица ќе биде викната на pacпит

  • August 14, 2019

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава изјави за случајот „Рекет“ дадоа две специјални обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Засега од таа институција не откриваат дали и кога ќе биде повикана шефицата во оставка Катица Јанева.

Катица Јанева се уште нема добиено никаква покана од Јавното обвинителство, а државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прашањето дали и кога ќе биде повикана, одговори дека однапред не објавуваат поради непречено одвивање на истрагата и обезбедување на доказите.

Претходно «
Следно »