ЈУВЕНТУС ПОТПИША НОВ СПОНЗОРСКИ ДОГОВОР: Го продолжиле партнерството со „Алијанц“ според кое клубот ќе добие дополнителни 103 милиони евра

  • February 13, 2020
  • Коментари

Од Јувентус објавија дека го продолжиле партнерството со „Алијанц“ според кое клубот ќе добие дополнителни 103 милиони евра.

Договорот вклучува продолжување на соработката според кој „Алијанц“ ќе ги има правата за името на стадионот. Притоа, името на компаниите ќе биде поставено и на дресовите на италијанскиот шампион, а договорот вклучува и спонзорство на женскиот тим.

Новиот договор, кој е еден од најбогатите во Италија, е до јуни 2030 година. Тој само ќе ги засили финансиските позиции на клубот од Торино, кој доминира во Италија неколку години.

Претходно «
Следно »