December 9, 2021, 12:07 am

ЈУЖНА КОРЕЈА: Нови жapиштa на кoрoнaвиpyc ги враќаат yкинaтитe мepки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новите жаришта на коронавирус во јужнокорејскиот главен град Сеул властите ги прогласија за „кризна состојба“ и повторно се воведени одделни рестриктивни мерки со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.
Затворени се повеќе од 200 училишта, а повторното отворање на неколку стотина образовни институции е одложено.

Здравствените власти побараа од граѓаните во текот на следните две недели да се придржуваат кон превентивните мерки, кои подразбираат физичко дистанцирање и зајакнати мерки на претпазливост.

Парковите и музеите во Сеул и околните места се затворени, а од луѓето е побарано да ги избегнуваат масовните собирања.

Во Јужна Кореја немаше воведено полициски час, туку властите се потпреа на личната одговорност на граѓаните и масовното следење и тестирање.

Повеќето новозаразени лица се поврзани со дистрибутивен центар во северниот дел на Сеул. Вирусот е откриен на чевлите и облеката на еден работник во центарот, а властите се загрижени бидејќи новото жариште е во близина на најнаселената област.

Во последните 24 часа се регистрирани најмалку 56 нови случаи на коронавирус.

Latest News

(Видео) Гоpeше камион на „Македонија пат“, нема повpeдени

Вчера на патот Слупчане – Белановце се запалило товарно моторно возило, сопственост на „Македонија пат“ Од Министерството за внатрешни работи...

More Articles Like This