Јунајтед запиша петта победа во низа, Санчез му го фати столчето на Солскјер

  • January 5, 2019

Манчестер Јунајтед ја запиша петтата победа во низа под водство на Оле Гунар Солскјер откако денеска на „Олд Трафорд“ рутински го победи Ридинг во ФА купот со 2-0.

Прашањето околу победникот беше решено уште во првото полувреме кога во листата на стрелците се запишаа Хуан Мата од пенал и Ромелу Лукаку, а на крајот ова се покажа како конечен резултат на мечот кој се одигра на театарот на соништата.

Солскјер денеска за првпат шанса во стартната постава им даде на Лукаку и Алексис, а мора да се напомене дека имаше еден интересен момент со Чилеанецот кој откако излезе од игра му го фати столчето на својот тренер, па мораше да се премести.

Претходно «
Следно »