ЈУНКЕР НАЈАВИ ВОЈНА НА БАЛКАНОТ КАКО ВО 90-ТЕ: Францускиот претседател ја затвори вратата за Балканот во ЕУ, Јункер најави војна

  • April 17, 2018

Владата се обиде денешниот ден да го претстави како голем ден за македонските евроинтеграции по добиената т.н. ,,позитивна препорака’’. Но токму на овој ,,голем ден’’, францускиот претседател Емануел Макрон, ја затвори врата за интеграцијата на Западниот Балкан во Европската Унија.

,,Треба да го прилагодиме Западен Балкан кон Европа. Свесен сум дека постои опасност тие земји да се свртат кон Русија или Турција, но јас нема да се залагам доколку пред тоа не се направат промени во Европската Унија’’, вели Макрон.

Токму изјавата на Макрон ја коментираше претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер. Тој вели дека за да се избегне конфликт на Балканот налик оној во 90-тите години, земјите членки на ЕУ мора да му пружат Европска перспектива на регионот. ,,Ако не се отвориме кон земјите во овој исклучително комплициран и трагичен регион, ако не им понудиме Европска перспектива, ќе има војна во областа каква што беше онаа во 90-тите’’ вели Јункер. ,,Не сакам уште една војна на Балканот и затоа мора да се отвориме кон тие земји’’, додаде тој.

Претходно «
Следно »