ЉУБЕ БАРА ДА СЕ ЗАБРАНИ ВМРО: Советникот на Заев за странски инвестици, бара да се забрани кратенката ВМРО во имињата на партиите

  • November 7, 2018
  • Коментари

Љубе Бошкоски, советник за странски инвестици во кабинетот на премиерот Зоран Заев, со свој уставен амандман.


Обединети за Македонија како десничарска партија бара ВМРО да влезе во Преамбулата на Уставот, но и да се забрани името ВМРО во имињата на партиите.

Оттаму сметаат дека ВМРО како масовно, национално ослободително движење е првата организирана формација која, како што велат, ја издигнала идејата за независна Македонија за сите народности во неа.

Во нашето партиско име го нема предзнакот ВМРО, но го има во Преамбулата во нашиот Статут, за да се оддаде почит кон организацијата која ги обединувала сите етноси во Македонија. Ниту ние, но и ниту една друга партија нема право да го злоупотребува тоа свето име за македонскиот народ. – се наведува во партиското соопштение.

Оттаму велат дека за тоа сведочат и повеќе изјави од минатото, па го цитираат Христо Татарчев според кого: „Прифатен еднаш автономниот принцип, ни налагаше да бидеме последователни и во понатамошните решенија и да се избегнува сето она кое би го возбудило тесноградниот национализам кај инородните народи.“

Од Обединети за Македонија цитираат изјава и од Димитар Влахов, кој кажал: „Член на организацијата може да биде секој Македонец, од која народност и да е тој и какви и да биле неговите политички сфаќања, само да ги прима нејзините принципи и се бори за политичката автономија на Македонија“.

Според партијата, овој мал дел од многу други изјави од членови на историското ВМРО, јасно покажуваат дека историското ВМРО е државотворна организација и ниту една партија нема право да го злоупотребува тоа име.

Претходно «
Следно »