Љупчо Георгиевски, Бучковски и Амди Бајрам од први редови ќе го следат поставувањето на НАТО знамето

Поврзано

(Фото) ИГОР ЏАМБАЗОВ ПОВТОРНО СЕ ЗАЉУБИ?: Еве со кого најпознатиот македонски шоумен го поминува времето во карантин

Изминатите денови најпознатиот македонски шоумен објави неколку фотографии на својот Инстаграм профил, на кои се гледа дека друштво во...

ДОБРИ ВЕСТИ ОД ВЕЛЕС: Денеска двајца оздравени од Ковид-19, четвртти ден нема новозаболени

Според податоците од ЈЗУ Центар за јавно здавје во Велес денеска има двајца оздравени од Ковид-19 кои биле на...

ХРВАТСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА СКАНДАЛОТ СО ТОЗИЈА: Прашуваат дали неговите ставови се ставови и на македонската Влада?

И хрватскиот портал „Отворено“ објави за скандалозното однесување на директорот на Агенцијата за Филм на Македонија Горјан Тозија, кој...

Пред Владата на Република Македонија денеска на свечена церемонија ќе биде подигнато знамето на НАТО, а најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев.

На платото пред Владата веќе пристигаат гостите кои ќе ја следат церемонијата. Во први редови можат да се забележат пратеникот Амди Бајрам седнат до поранешниот премиер на СДСМ, Владо Бучковски. Меѓу гостите е и поранешниот премеир Љупчо Георгиевски.

Од зградата на Владата вчера веќе беше отстранет написот „Влада на Република Македонија“ откако грчкиот Парламент го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.

Се испраќањето на Вербалната нота од Атина со која ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО и дека се исполнети сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, се очекува да почне примената на новото име „Република Северна Македонија“. Потоа во Службен весник ќе биде објавен датумот на влегување во сила на уставните амандмани и уставниот закон.

Двете држави ќе треба да испратат и заедничко писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш со кое ќе го информираат за датумот на влегување во сила на конечната спогодба, со што ќе се стави крај на повеќедеценискиот билатерален спор. За промената на името ќе бидат информирани и Секретаријатот на ООН, земјите членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останати меѓународни организации.

Од македонска страна веќе е формирана и Интерресорска група која ќе треба да изработи Национален акциски план за спроведување на натамошните мерки и активности, а во рок до седум дена државните институции, граничните премини и диоломатско-конзуларните претставништва ќе треба да ги сменат таблите со новото име на државата.

Препораки за промена на таблите ќе добијат и единиците на локалната самоуправа, а секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции ќе добијат насоки за употреба на уставното име.

Употребата на новото име на државата ќе биде усогласено и со Законот за употреба на јазиците.

- Advertisement -

Актуелно

OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата...

РАСТЕ БРОЈКАТА И ДЕНЕС: На 250 теста 21 нов случај на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и...

Нов раст на новозаболени од Ковид-19, да се почитуваат препораките

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи...

БРОЈКАТА И НАТАМУ РАСТЕ: 37 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2. Во изминатото деноноќие не се регистрирани...

СО ЛЕСНО: Почна 42-часовниот карантин во државата

Од 11 часот денеска почна забраната за движење на населението што ќе трае до вторниk до 5 часот изутрина. Забраната не важи за полицијата, армијата,...
- Advertisement -

Повеќе вести

- Advertisement -