ЊУЈОРК ТАЈМС: Трамп размислува до го повлече САД од НАТО

  • January 15, 2019

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да ги повлече САД од НАТО, објави американскиот весник „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименувани помошници на шефот на американската држава.

Трамп минатата година повеќе пати на приватни средби го поставил прашањето за иднината на САД во НАТО односно за повлекување на земјата од Алијансата.

Весникот повикувајќи се на актуелни и поранешни официјални лица, кои ја поддржуваат Северноатлантската алијанса, наведува дека Трамп би можел да ги обнови заканите ако сојузниците не се придржуваат до договорот за финансирање на Алијансата.

„Њујорк тајмс“ наведува дека Трамп, летото минатата година, пред Самитот на НАТО, пред своите советници за безбедност изјавил дека не ја гледа смислата на воениот сојуз, кој финансиски ги ослабнува САД. Тогаш советниците на Трамп, меѓу кои и секретарот за одбрана Џејмс Матис и советникот за национална безбедност Џон Болтон се обиделе да ја поддржат американската стратегија за намалување на присуството во Европа, но без да се спомнува повлекувањето од НАТО.

Според весникот претседателот на САД повеќепати повторил дека сака да се повлече од НАТО, но експертите истакнуваат дека тоа ќе „подарок на векот“ за рускиот претседател Владимир Путин.

Неименуван висок претставник на Белата куќа запрашан за плановите на Трамп ја повтори изјавата на американскиот претседател од јули минатата година, дека ангажманот на САД во НАТО е „многу силен„ и оти Алијасната е „многу важна“.

Претходно «
Следно »