ЌЕРКАТА НА БЕЈТА БИЛА НАЈДОБАР КАНДИДАТ: МЕПСО ќе и плаќа 600 евра месечно

  • December 24, 2018

По ќерката на Талат Џафери, работно место во државните форми кои се бават со производство и транспорт на електрична енергија доби и ќерката на екс градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта. Според информации на порталот А1, таа во државната МЕПСО ќе добива плата од близу 600 евра месечно.


Фиторе Бејта Акику била најдобар кандидат од оние кои се пријавиле на огласот, велат од МЕПСО на Макфакс и додаваат дека таа ќе работи како референт за набавки во одделот за комерцијални работи е ќе зема нето плата од 36.540 денари.


Годинава во ЕЛЕМ државна плата доби и ќерката на Талат Џафери.

Претходно «
Следно »