ЌЕ БИДЕМЕ ЛИ ГОРНОМАКЕДОНЦИ: Нимиц го убедува државниот врв дека „решението“ кое е прифатливо за Грција е добро и за нас

Поврзано

Вардар го поздрави Стоилов

Ракометниот клуб Вардар на Фејсбук објави фотографија од Столе Стоилов поздравувајќи го ракометарот со коментар „КАПИТЕНОТ“. https://www.facebook.com/rkvardar/posts/10159586146675348

Чулев остварил средба со членови на Здружението на лoвци од Охрид

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера остварил работна средба со членовите на Здружението на ловци од Охрид, каj...

Прв лeкаp жpтвa на кoрoнaвиpycoт – Пoчинa дoктоp од Тетово

Во ГОБ ,,8 Септември”, на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Д-р. Деари беше хоспитализиран...

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на средбата во вторникот во Атина со специјалниот пратеник на ОН во спорот за името Метју Нимиц, го предложил името „Република ГорнаМакедонија” без англиска транскрипција, како прифатливо решение за спорот со името, објавија грчки медиуми.

 

Грчкиот портал iefimerida.gr во четвртокот пишува дека од четирите предложени имиња од медијаторот Метју Нимиц Грција предлага кованица, во која зборот Македонија би бил споен со придавката горна.

Од петте предлози за ново име предложени од Нимиц, Грција најмногу била за Република Вардарска Македонија, а македонската страна за Република Нова Македонија, па како компромис излегло името Горна Македонија. Но, и на ова име, Грција го предложила името Република ГорнаМакедонија (споено и така да се изговара, за да се избегне посебниот изговор на Македонија), пишуваат грчките медиуми.

Според информациите на изданието, грчко-македонскиот договор веќе е постигнат и двете земји се согласиле за сè, вклучувајќи ги и промената на Уставот и откажување од иредентистичките елементи во Уставот. Договорот, исто така, ќе ги опише детално економските и развојните односи на двете земји. Извори кои имаат познавање на случајот објаснуваат дека „ПЈРМ ќе стане еден вид кантон на Грција, со специфични развојни услови, економски и трговски“, пишува весникот.

До 20 март договорот за ова треба да биде депониран во ООН, тврдат изворите на весникот.

Ова, денеска би требало посредникот на ОН Метју Нимиц да им го соопшти на претставниците на македонскиот државен врв.

Нимиц денеска ќе се сретне со претседателот, Ѓорѓе Иванов, премиерот, Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Актуелно

Уkpaдeни еден милион евра од куќа во Скопје

58.560.000 денари му биле украдени на скопјанец од скопската населба Нерези, откако крадец кој влегол преку прозорецот на неговата...

Си легна на брашното, Заев ќе коалицира со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МИА вели дека очекува победа на изборите, па дури и поддршка за формирање на една стабилна...

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Повеќе вести