ЌЕ БИДЕ ПOЛOШO ПРЕД ДА БИДЕ ПОДОБРО: Кopoнавирусот е тука за да остане, најмалку во наредните година дена

  • March 20, 2020
  • Коментари

Ќе биде полошо пред да биде подобро и треба да разберете дека ова го збори човек кој е непоправилв оптимист. Зошто? Затоа што коронавирусот е тука за да остане, многу тешко ќе може да се контролира состојбата, а уште потешко ќе може да се спречи неговото натамошно ширење. Ако ја погледнете светската мапа со државите кои што се и не се погодени од заразата ќе разберете дека станува збор за доста издржлив вирус на кој што не му пречи нитув високата, ниту ниската температура, многу лесно се шири помеѓу населението и нанесува огромни штетници последици по човековото здравје, но и по светската економија.

Прогнозата на американскиот претседател Доналд Трамп е дека пандемијата ќе трае и до 18 месеци, се споменува и период од 2 години, но за тоа не можеме да бидеме сигурни. Ова е само почетокот или како што многумина сакаат да кажат врвот на ледената санта кој што го гледаме, последиците по јавното здравје и економијата, македонска и светска ќе биде катастрофални. Следуваат мрачни времиња кои што ќе можеме единствено да ги поминеме заедно сплотени и обединети, најпрво со нашите семејства и најблиски, а потоа и со сите наши пријатели и соседи. Сами не можеме.

Да се навратиме на смешните тврдења кој што ги слушавме до пред некој месец…Луѓето ќе ја уништат планетата, го уништуваме екосистемот…Ајде мајката. Екосистемот, планетата како и коронавирусот се тука за да останат се останато е лага, расипана идеологија чија што цел е креирање на омраза кон човештвото. Екосистемот може да се промени, но не и да се уништи, на пример може да го снема човештвото, но не и живот свет на планената. Човекот е единствено живо суштество на планетата кое што може да биде добро, но и лошо. Животните не можат да бидат добри, немаат свест која може да одлучи дали да прави добро или лошо, тие едноставно постојат. Човекот не е инхерентно лош, токму поради тоа во периодот што следи направете ги правилните одлуки и одберете да бидете добри затоа што само така ќе опстане човештвото во наредните месеци и години.

Пишува: Милош Милошевски

Претходно «