ЌЕ ГИ ПРИФАТИТЕ ОДМА: Најстарата жена на светот (116) со совети за долг и среќен живот!

  • March 19, 2019

На секоја жена ќе и се допаднат советите на Кана Танака…
На деветти март оваа година, Гинисовата книга на рекорди потврди дека Кана Танака од Јапонија е најстаро лице на планетата. Кана Танака наполнила 116. години и покрај здравствените проблеми е среќна и задоволна жена која ужива во секој момент.
Кана Танака е родена на 2. јануари 1903. година. Била седмо дете во семејството а самата родила пет деца во бракот со Хидео Танака,кого го запознала на денот кога се венчале.
Нејзиниот сопруг имал семејна фирма која се бавела со производство на традиционални јапонски слатки.
Во 1937. година Хидео е повикан во воена служба, а Кане останала сама да се грижи за бизнисот. Правела слатки и напоредно водела грижа за своите деца и свекрвата. Нејзиниот прв син Нобу исто така бил мобилизиран во 1943. година, а дома се вратил по завршувањето на Втората светска војна.
На деветти март оваа година, Гинисовата книга на рекорди потврди дека Кана Танака од Јапонија е најстаро лице на планетата. Кана Танака наполнила 116. години и покрај здравствените проблеми е среќна и задоволна жена која ужива во секој момент.

Кане и понатаму продолжила да се грижи за семејната фирма се’ додека, поради старост, не се повлекла, на денот кога наполнила 63. години.
Совети на Кана Танака за животот:
Станете порано -Кана Танака секој ден станува во шест часот.Развивајте ги мозочните клетки – Една од омилените активности и е учење математика.
Останете активни и дружељубиви – Кане ги обожува друштвените игри и се уште со задоволство ги игра во домот во кој живее.
Јадете многу чоколадо и пијте кафе – Тоа е она што го прави. На церемонијата која ја организирала Гинисовата книга на рекорди, Кане добила кутија со чоколадо која веднаш ја отворила и почнала да се засладува.

На прашањето колку чоколадо изела тој ден одговорила:„100!“
Кане признава дека нејзиното големо семејство е одговорно за нејзината среќа и долговечност.Смета дека најголемата тајна е во тоа дека никогаш не смеете да ја изгубите надежта, без оглед на околностите.
Кога наполнила 113. години Кане Танака рекла.„Бидејќи дотуркав до тука, немам друго освен да се трудам уште повеќе. Давам се од себе!“.Во 2018. година признала дека би сакала да живее до 120. години.

Претходно «
Следно »