ЌЕ ГО УБИЕЛЕ ОВЦИ: Мотоциклист удри во стадо овци, префрлен на клиника со тешки повреди

  • May 20, 2018

Двесет и петгодишен државјанин на Швајцарија, кој живее во Скопје, со мотоцикл удрил во стадо овци во атарот на село Говрлево.

Мотоциклистот со својата „априлија“ со германски ознаки се движел по регионалниот пат Скопје – Козјак, при што удрил во стадото овци кои го преминувале патот. Овците биле водени од 55-годишен овчар од селото Горно Јаболчиште.

По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му бил констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување.

Претходно «
Следно »