ЌЕ ДОЈДЕ ДЕНОТ КОГА КАЦАРСКА И РУСКОВСКА ЌЕ ПРОПЕАТ ЗА СИТЕ НАРАЧКИ: Мицкоски го коментираше и скандалот за прислушкувањето во Јавното Обинителство

  • December 5, 2018

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на масовниот протест пред владата го коментираше и скандалот за прислушкувањето во Јавното Обинителство.

Во ЈО беше пронајдена опрема која повеќе од две години ги прислушкувала сите обвинители и судии. Мицкоски обвини дека, власта не знаеше како да го излажи својот народ, како ќе се испери власта од овој скандал, па затоа прво рекле дека се снимало од 30 септември 2016 година, за подоцна да им текне дека тогаш технички министер за внатрешни работи бил Оливер Спасовски, за на крај да кажат дека се, всушност, се снимало од 2013 година.

-За бадијала се мачите. За бадијала се трудите и мене да ме испрљате и да го извалкате името на ВМРО-ДПМНЕ и сите членови. Не ви проаѓа повеќе картата на емоција. Народот не ве сожалува, не сте жртва. Вие сте ловците на овој народ. Вие сте ловците на Македонија и на македонскиот народ. Народот ќе ве осуди. Како да ви веруваат овие луѓе дека имаме независно судство, дека имаме независно обвинителство, кога ќе излезе министерот за внатрешни работи и ќе каже ‘ не се сеќирајте, не се грижете, материјалите се на безбедно’. Каде? Кај него во фиока за да може да ги уценува судиите и обвинителите? – запраша Мицкоски.

Обвини дека сакаат да монтираат случаи и да ги уценуваат обвинителите и судовите.

– Ќе дојде денот кога судијката Кацарска и обвинителката Русковска ќе ви го завртат грбот и ќе пропејат за сите нарачки, за сите уцени кои што им ги правите – рече Мицкоски.

Фото
Република

Претходно «
Следно »