ЌЕ ИМААТ ЛИ ИСТА СУДБИНА: Фрики храбра како шарениот Павле?

  • October 9, 2019

Пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски е осомничена во случајот „Рекет“ кој се проширува на ,,Меѓународниот сојуз‘‘ и на нови 5 физички лица, меѓу нив и Ременски. Обвинителството ги товари за измама, перење пари и помагање при измама.


Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, велат од Обвинителството за улогата на Ременски во случајот „Рекет“ во кој што Јовановски успеал да земе повеќе од 1,4 милиони евра од двајца бизнисмени, плус 1,5 милион евра од Орце Камчев.

Сите осомничени денеска треба да бидат донесени на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Обвинителството за осомничената Јасна Мандиќ, потпретседателка на Меѓународниот сојуз, бара притвор, додека за останатите само одземање на пасошот како мерка на претпазливост.

Не толку одамна денеска осомничената за измама, перење пари, Фросина Ременски застана во одбрана на поранешниот пратеник Павле Богоевски кој си даде оствака по снимката која одекна во јавноста за случајот со дрогата.

Оттука се поставува прашањето дали Ременски ќе го следи примерот на нејзиниот поранешен колега за кој како што рече таа со својата „морална“ оставка им одржал лекција на сите. Ќе си даде ли Фросина ременски оставка како одговорнен и праведен човек, спремен да се жртвува за да заштити вредност, живот и цел како што тоа го направи Павле? Ќе биде ли толку храбра? Фросина Ременски покрај тоа што денеска е потпретседател на Собранието, пратеник на СДСМ исто така таа е и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија, функцијата која и беше дадена 12 ноември 2015 година. Искуството на политичката сцена и функциите кои сега ги извршува бараат од Ременски таа после соопштението од ЈО да „оддржи лекција“!

Ременски пред околу еден месец беше на распит во Обвинителство, но тогаш демантираше дека има било каква врска со незаконските активности, а велеше дека Јовановски го познава само од телевизија.

Претходно «
Следно »