ЌЕ ИМА ЅИД ПО СЕКОЈА ЦЕНА: Подджувачите на Трамп направија жив ѕид на границата со Мексико!

  • February 12, 2019

Десетици поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп се собраа на дел од границата меѓу САД и Мексико во Ново Мексико за да формираат жив ѕид во знак на поддршка на претседателот и неговиот проект за пограничен ѕид, пренесува „Спутник“.

Поддржувачите со препознатливите капи MAГА на Трамп се фатија за раце и мавтаа со американски знамиња и рачно изработени знаци повикувајќи на изградба на ѕидот и на остри мерки против нелегалната миграција, трговијата со луѓе, шверцот со дрога и повторното влегување на депортираните криминалци.

Претходно «
Следно »