ЌЕ ОДИ ЛИ ЅИНГО ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ: Од СДСМ негираат дека има таква намера, но се разговара за зголемување на мнозинството!

  • March 27, 2018

Од СДСМ демантираат дека се во преговори со Социјалистичка партија на Љубисав Иванов – Ѕинго за влез во владината коалиција. Генералниот секретар на социјалдемократите, Александар Кирацовски, вели за „Фокус“ дека овие информации не се точни.

Сепак веќе подолго време кружат шпекулации дека се разговара со пратениците на Социјалистичката партија да го поддржат парламентарното мнозинство. СПМ има три пратеници во актуелниот состав на парламентот, Владанка Авировиќ, ревносен поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Димовски, кој се наоѓа во куќен притвор како осомничен за настаните од 27-ми април, и Стојан Миланов.

Инаку на последниот состанок на Централниот одбор, лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, му соопштил на членството дека се интензивираат преговорите во Собрание за зголемување на парламентарното мнозинство. Во Централниот одбор на партијата веќе влегоа Андреј Жерновски и Чедомир Саздовски, а се најавува влез во Владата на Љубе Бошковски, како советник на Заев за странски инвестиции.

Во контекст на ова се појавија шпекулации дека се преговара и со Ѕинго за влез во коалицијата. Наводно на Ѕинго му било понудено Министерството за земјоделство, кое го држеше и во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно «
Следно »