ЌЕ ОСТАНЕМЕ БЕЗ МАКЕДОНСКО МУЗИЧКО ТВОРЕШТВО: Ана Пандовска за програмата на министерството за култура

  • March 13, 2019

Тоа што државата не го поддржува ова здружение е срам за се она што овие автори направиле, а новите сега прават. Да не заборавиме дека и химната на државата е дело на еден од членовите од ова здружение. Првата опера, првото симфониско дело, камерно дело како и новите авангардни композиции кои ги создава младата генерација композитори, пишува Пандевска

Ана Пандевска на својот фејсбук профил се осврна на проблемот со доделувањето сретства на Министерството за култура. Особено на ситуацијата со Фестивалот „Денови на македонска музика“. Таа пишува:

Сојузот на композитори на Македонија е здружение старо 70 години. Членовите се композитори и музиколози кои се обидуваат да го подигнат нивото за тоа што значи уметничка музика, како и да ги подигнат естетските вредности кај публиката. Денови на Македонска музика е фестивал со традиција каде наши композитори од областа на сериозната музика ги претставуваат своите најнови композиции но и каде генерацијата од постарите композитори се застапени со дела, со цел да се одржи традицијата и да не се заборави што твореле имињата како: Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Властимир Николовски, Гоце Коларовски, Томислав Зографски…. Да не ги редам сите. На овој фестивал гостуваат композитори од странство, па можеме да чуеме и што е композиторски тренд во светски рамки. Тоа што државата не го поддржува ова здружение е срам за се она што овие автори направиле, а новите сега прават. Да не заборавиме дека и химната на државата е дело на еден од членовите од ова здружение. Првата опера, првото симфониско дело, камерно дело како и новите авангардни композиции кои ги создава младата генерација композитори. Како и да е, некој треба да се замисли за третманот на ова здружение и да се изнајде решение. Зошто наскоро ќе останеме без македонско музичко творештво и презентација на истото.

Сојузот на композитори на Македонија е здружение старо 70 години. Членовите се композитори и музиколози кои се обидуваат…

Gepostet von Ana Pandevska am Dienstag, 12. März 2019

Претходно «
Следно »