Ќе поскапи лебот, мелничарите веќе прават пресметки за колку да биде зголемувањето

Поврзано

Во долгoви до гyша: Со осма обврзница по ред, Македонија се задолжи со дополнителни 700 милиони евра

Македонија денеска ја издаде осмата по ред еврообврзница, која е во вредност од 700 милиони евра со рочност од...

Владата одлучи: Соодветна етничка зacтапеност и во приватните фирми

Денеска Владата на Република Северна Македонија го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување...

Македонската економија со пaд од 4,5 отсто на бруто домашниот производ во 2020 година

Македонската економија 2020 година ја заокружи со пад од 4,5 отсто на бруто – домашниот производ. Во последниот квартал...
- Advertisement -

Ќе поскапи лебот. Мелничарите веќе прават пресметки за колку да биде зголемувањето. Повисоките цени на суровините на светските берзи, намалената потрошувачка кај нас и забраната за зголемување на цената на брашното, го турнаа секторот на колена. Загубите се огромни, а помош нема, се жалат од мелничко-пекарската индустрија.

– За колку ќе поскапи, ќе зависи од секоја пекара посебно. Но, неминовно е да има зголемување на цената. Во некои земји поскапувањето е за 25 до 30%. Како ќе биде кај нас, ќе покажат пресметките, вели Горан Малишиќ, претседател на Групација на мелничко пекарската индустрија.

За надминување на состојбата следната недела ќе имаат средба со премиерот Заев. Ќе бараат субвенции за ланската година, но и план за враќање на производството на пченицата кај нас.Во моментов од дома се откупуваат само 65 илјади тони, или за 70% помалку откалку пред 10-15 години. Бараат и поголема контрола при увозот на евтиното српско брашно.

– Институциите поодговорно да си ја вршат работата и повеќе да го контролираат брашното кое се увезува од Србија, а не ги исполнува условите и квалитетот, додава Малишиќ.

Во меѓувреме, на светскиот пазар цените растат. Трендот се очекува да продолжи. За да остане житото дома, Русија воведе извозни давачки, а некои земји веќе почнаа да трупаат залихи, со надеж дека цената на лебот ќе остане иста.

Latest News

Тасева: Високата kopyпција е во високите ешалони на власта

Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција, и тоа...

More Articles Like This