ЌЕ СЕ БЛОКИРААТ ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ И АВТОПАТИТЕ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокадите и протестите!

  • December 18, 2017

ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжи со блокирањето на неколку крстосници низ Скопје во знак на револт поради политичкиот прогон кој го води власта предводена од СДСМ. Граѓаните кои протестираат најавија дека блокадите ќе продолжат се додека неправедно притворените не бидат ослободени.

-Како што веќе знаете известена е јавноста дека ќе има, кој што ќе траат се до ослободувањето на лицата кои што се неправедно затворени во врска со настаните од 27 април. Воедно сакаме да укажеме дека сме многу загрижени бидејќи состојбата на еден од притворените според нашите неофицијални информации е многу влошена, затоа што тој штрајкува со глад повеќе од 12 дена, велат тие

Тие порачаа дека доколку власта не сопре со овој политички реваншизам, најавените блокади по сите крстосници во Скопје ќе продолжат и наредните денови.

-Доколку нема никаков слух од страна на власта, можно е тие блокади да се радикализираат во аспект на блокирање на гранични премини, на автопати, магистрални патишта низ цела Македонија, велат тие.

Претходно «
Следно »