ЌЕ СЕ ГРАДИ ,,РУДНИКОТ НА СМРТТА’’ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Уставниот суд ја поништи одлуката на Советот на Општина Гевгелија со која се распиша и одржа референдумот за ,,рудниците на смртта’’

  • November 8, 2018

И покрај сите ветувања и поддршка која СДСМ ја даваше на граѓанските организации кои се бореа против изградбата на таканаречените рудници на смртта, рудниците сепак ќе се градат. Од граѓанската организација ,,Спас за Гевгелија’’, на социјалните мрежи соопштија дека вчера токму на денот на ослободување на Гевгелија Уставниот суд ја поништил одлуката на Советот на Општина Гевгелија со која се распиша и одржа референдумот за ,,рудниците на смртта’’. Од организацијата испратија порака како што велат до сите домашни и странски платеници, кои наумиле да отвораат рудници и да ја уништат нашата татковина, дека немаат друга татковина и ќе се борат за неа до крај.

ЛОША ВЕСТ

Вчера, на 07.11.2018 година, на денот на ослободувањето на Гевгелија, УСТАВНИОТ СУД на РМ ја ПОНИШТИ ОДЛУКАТА на Советот на Општина Гевгелија, со која се распиша и одржа РЕФЕРЕНДУМОТ ПРОТИВ РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА.

Канадската компанија Ресервоар Минералс, поднесе барање да се укине одлуката на советот на Општина Гевгелија, а Уставниот суд во експресна постапkа го прифати нивното барање и ја поништи одлуката.

Од наша страна на Уставниот суд му беше доставено образложение каде на 18 страни, детално се цитирани сите членови на Уставот на РМ и законите на РМ, според кои недвосмислено и изрично е наведено дека за оваа прашање одлучуваат граѓаните на локално ниво. Уставните судии го погазија и Уставот на РМ и законите на РМ и донесоа срамна одлука поради која ќе мораат сите да си дадат неотповикливи оставки. Девет уставни судии ја запечатија судбината на 500.000 граѓани од југоистокот.

Уставниот суд го наруши суверенитетот на граѓаните на Македонија, заради бизнис интереси на странска компанија. Уставниот суд се стави на страна на оние кои планираат од Македонија да направат пустелија, да направат геноцид на над 500.000 граѓани.

Ние им порачуваме на сите домашни и странски платеници, кои наумиле да отвораат рудници и да ја уништат нашата татковина, дека ние немаме друга татковина. Затоа ќе се бориме, ќе се бориме толку снажно, што неможат ни да замислат.

ГРАЃАНИТЕ НА ГЕВГЕЛИЈА БАРААТ ВЕДНАШ ОСТАВКА ОД УСТАВНИТЕ СУДИИ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ СЕ ОРГАНИЗИРА ДРЖАВЕН РЕФЕРЕНДУМ ЗА НИВНО ОТПОВИКУВАЊЕ.

СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ. РУДНИЦИ ЌЕ НЕМА, велат од организацијата.

 

Претходно «
Следно »