ЌЕ СЕ ДОЗНАЕ ЛИ ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Архивите на Македонија и Турција денеска ќе потпишат Протокол за соработка

  • June 21, 2019

Државниот архив на Република C Македонија (ДАРСМ) денеска ќе потпише Протокол за соработка со Дирекцијата на државните архиви при Претседателството на Република Турција.

Новиот Протокол за соработка предвидува размена на специјалисти од доменот на архивското работење, истражувачки престои и размена на копии на архивски материјал врз основа на реципроцитет и во согласност со националното законодавство, размена на зборници на документи и архивски списанија, организација на научни состаноци и заеднички изложби на репродуцирани примероци од архивски материјал.

Првиот Протокол, односно Програма за соработка помеѓу Државниот архив на Република C Македонија (тогаш Архив на Македонија) и Дирекцијата на државните архиви во Република Турција е потпишан во 1990 година, а со овие Архиви од Турција во 2012 година беше потпишан и посебен Договор за дигитализација на документи од османскиот период, кои се наоѓаат во Државниот архив на Република Северна Македонија.

Претходно «
Следно »