Ќе се кратат институции и управни одбори

  • October 25, 2018

Институциите ќе се реорганизираат, при што е можно да се појави и потреба од укинување на некои институции, намалување на бројот на управни одбори, односно намалување на трошиоците за администрацијата.

Ова денеска го изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, на конференцијата „Современите предизвици во јавната администрација и улогата на партнерство за постигнување решенија“, што се одржува заедно со Центарот за државни служби во Астана, Казахстан.

– На подолг рок тоа ќе значи и ревизија на законот за организација на органите за државната управа. Можеме да очекуваме дека во текот на спроведувањето на оваа реорганизација, ќе се појави потреба од укинување на некои институции, намалување на бројот на управни одбори,  – истакна Манчевски.

Тој посочи дека на овој процес му претходело мапирање на сите институции во земјата и групирање по статус, по вид, по линии на одговорност, и други релевантни информации, а дополнително била спроведена и хоризонтална функционална анализа на инспекциските служби.

Истакна дека целта била да се оцени поставеноста на институциите во системот на државното уредување, нивната меѓусебна поврзаност, внатрешна организација, систематизација на работни места, интерни работни односи, располагање и користење опрема и средства.

 

Претходно «
Следно »