ЌЕ СЕ МЕНУВА И ХИМАТА: Дали отсуството на македонската химна пред Ципрас е најава за нејзината промена?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нема одговор на прашањето зошто пред Ципрас денес не беше интонирана македонската химна. Не го пречека ни гapдата, а изговорите за ова се смешни.

Граѓаните јавно го поставуваат прашањето што значи непуштањето на националната химна?

Протоколот при посета на државници во земјава предвидува високите гости, освен со интонирање на државните химни да се пречекуваат и со воени почести.

За Ципрас немаше ниту химна, ниту свечена бина, ниту воен оркестар и почесна гapда. Остана само црвениот тепих.

Најави ли Заев промена на химната со овој негов потег или само не сакаше на Ципрас да му порача со стиховите на химната дека „Македонците се борат за своите правдини“?

Оваа тема ја анализира и новинарот Бранко Героски.

-Изненаден сум од неочекуваното спуштање на нивото на средбата од протоколарен аспект. Имено, неофицијално беше најавено дека драгиот гостин од Атина ќе биде пречекан со сите државни почести, со построена гapда и со интонирање на химните на двете држави. Наместо тоа, Ципрас пред Владата беше пречекан од мала група костумосани домаќини и на црвен тепих. И толку, пишува Героски.

Новинарот оценува дека ова е прескромно за еден настан од вакво значење.

-Уште е почудно објаснувањето што го добија новинарите кои прашаа каде се гapдата и оркестарот. Според портпаролот Миле Бошњаковски, за отсуството на гapдата било виновно петнаесетминутното доцнење на авионот на Ципрас. Молам?! Што па толку е зафатена нашата гapда да не може да почека 15 минути? Да не е нападнат претседателот Иванов? Да не сме објавиле војна некому денеска? Мислам дека е коректно медиумите да добијат пристојно, а тоа ќе рече искрено објаснување зошто е намалено протоколарното значење на средбата. Ако имало разумни причини и ако Заев и Ципрас така се договориле, некако ќе ги разбереме. Ама ако станува збор за нов пропуст на владиниит протокол, веднаш да се викне камшикарот што го спомна еднаш Заев, па го заборави. Да дојде, па десет да удри, а едно да брои, напиша Героски.

Од Академијата за протокол излегоа со став во врска со дочекот на Ципрас од страна на премиерот Заев.

-Протоколарно не можам да ја дефинирам посетава на Ципрас освен како “историска” ко што велат медиумите. Работна ли е, или е официјална штом е дојден со сопругата? Каде се почестите, освен ќилимот и знамињата на ќошевите? Што е со химните, шпалирот, поздравот на знамето…? Зошто толкава делегација за дочек, кој со ташни кој со актовки, кој со и кој без кравата и распетлани сакоа? Која е причината за ваков “скратен” дочек на странски премиер?-велат од Академијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This