August 11, 2020, 2:35 am

ЌЕ СЕ СЛУША СНИМКАТА ЗА „ПОТКУП“: На денешното рочиште ќе се слуша скратената снимка од барањето поткуп

Поврзано

Обид за aтeнтaт вpз претседателот на САД Доналд Трамп

Брифингот за новинари во врска со коронавирусот кој претседателот на САД Доналд Трамп го одржуваше во Белата Куќа во...

Заев му се налyти на Ахмети: Сега сака да прави Влада со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ Зоран Заев повтори дека ја чувствува како притисок поканата за средба што ја упати денеска Ахмети...

Се пoтeшko до влaдa помеѓу СДСМ и ДУИ – Ахмети по средбата откри дека договор со Заев нe е постигнат

Договор не е постигнат и се надеваме дека таков договор е можен затоа што државата не треба да остане...
- Advertisement -

На денешното судско рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев треба да се гледа скратената снимка што беше објавена на Јутјуб.

Снимката требаше да биде пуштена во судницата на претходното рочиште, но тоа не беше направено, бидејќи немаше технички можности.

Пред Судот во врска со постапката за продажба на државно градежно земјиште исказ даваше Заев.

Тој рече дека во Струмица се градел најголемиот храм на Балканот, за кој неговата фамилија била најголем донатор.

– Моето семејство преку своите фирми беше прво што уплати пари на сметката за црквата. Донираа и најголем процент од градежните материјали, а јас како градоначалник лично од моја сметка уплатив пари за изградба на храмот, рече Заев.

Цената за продажба на државно земјиште, како што рече Заев ја одредува Владата и таквата одлука не зависи од општинските служби.

Заев на претходното рочиште беше испрашуван од неговите адвокати, од јавниот обвинител Валентина Бислимовска и од судијата Добрила Кацарска како обвинет во овој процес.

– Преку сите овие искази коишто се зедоа од мене како обвинето лице, од сведокот, гледањето на целосни видео снимки, онака како што постоеле, како и слушањето на телефонските разговори обезбедени од ПИ мерките и сите докази коишто ги дадовме во прилог, јас навистина очекувам да финишира овој процес онака како што ќе одлучи Судот и по ова јас очекувам ослободителната пресуда за овој предмет, изјави Заев по рочиштето.

Целосната снимка поради која Зоран Заев се товари за примање поткуп, беше пуштена на претходните рочишта во судницата без присуство на јавноста. Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа. Според него, со емитување на скратената верзија од снимката му била нарушена честа и угледот.

Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.(МИА)

 

Latest News

Обид за aтeнтaт вpз претседателот на САД Доналд Трамп

Брифингот за новинари во врска со коронавирусот кој претседателот на САД Доналд Трамп го одржуваше во Белата Куќа во...

Експлoзии во центарот на Минск, зaгина едно лице

Еkcплозии одекнуваат во центарот на Минск, јавува дописник на Спутник. Запален е еден автобус, а едно лице загина. Во центарот на белоруската престолнина...

(Видео) Пaника во Англија, се запали фабрика за пластика, издадено предупредување за можни отpoви во воздухот

Голем пожар во пластична фабрика недалеку од Бирмингем предизвика паника во Англија. Дебел црн чад може да се види на милји од местото на...

Иcчезна новинарот на „Спутник“ кој известуваше од протестите во Минск

Фоторепортерот на агенцијата МИА „Русија Север“, Илја Питаjeев, кој ги следи настаните во Минск, не одговара на телефонот повеќе од пет часа. Главниот и одговорен...

Авион од Скопје слетал во Финска со 24 патници позитивни на кopонавирус

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирyс и кaрантини за патници од одредени земји со висок pизик, рече во понеделникот надлежниот министер, откако 24...

More Articles Like This