ЌЕ СТАНЕТЕ РОДИТЕЛИ НА ПРОЛЕТ? Одберете од 30-те најубави пролетни имиња

  • February 20, 2020
  • Коментари

Пролетта е симбол на нов живот, сила, енергија и позитивност, па воопшто не изненадува дека многу имиња асоцираат токму на ова годишно време. Доколку очекувате бебе во текот на пролетта, погледнете ги следниве 15 женски и 15 машки имиња кои во себе ја носат живоста на самата пролет.

 

 

 

 

Имиња за девојчиња:

1. Весна е старословенска божица на младоста и пролетта, која имала власт над сончевата топлина, а со тоа и над обновувањето на природата.

2. Лада, ќерката на Весна, е божица на летото, љубовта и убавината. Таа се буди во пролетта и нејзиното владеење се зајакнува со зголемувањето на сончевата енергија.

3. Зора е старословенска божица на утрата, која му дава сила на сонцето.

4. Жива, според словенската митологија, е божица на животот.

5. Флора е божица на пролетта и цвеќињата според римската митологија.

6. Маја е римската божица на полињата и плодовите која се поврзува со пролетта, а по неа и е познат месецот мај.

7. Аурора е римска божица на изгрејсонцето.

8. Ирис, според грчката митологија, е божицата на виножитото.

9. Талата (Тало) е уште една божица на пролетта, заштиничка на младоста, според грчката митологија.

10. Анастасија потекнува од грчкиот збор анастасиас, што значи повторно раѓање, воскреснување и преродување.

Останатите женски имиња кои се поврзуваат со пролетта и новиот почеток се ЦветаНевенаЈасминаЛилјана и Виолета.

Имиња за момчиња:

1. Вито потекнува од латинскиот збор вита, што означува жив, полн со живот.

2. Лука има корени од латинскиот збор лукус, што меѓу другото значи и шума.

3. Младен, што очигледно означува млад.

4. Јарило е бог на пролетната вегетација и плодноста, како и сопатник на божицата Весна во старословенската митологија.

5. Стрибор е уште едно име во старословенската митологија, односно богот на ветрот и шумите.

Останатите машки имиња што асоцираат на пролетта и новите почетоци се ГоранВедранЗоранДубравкоЦветанФлоријанЈасминНевенJaцен и Јавор.

Претходно «
Следно »