January 24, 2021, 10:16 am

Ќe имa ли cнeг oвaa гoдинa?: УХМР oбjaви кaквa зимa нe oчeкyвa и кaкви ќe бидaт тeмпepaтypитe

Поврзано

Понесете чадор: Денес променливо облачно со врнежи од дожд и снег

Времето денеска претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, на планините од снег....

Најмногу снег на Шапка: Утрински температури над нyлaтa

Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка – 2 степени, каде исто така има најмногу снег, 31 сантиметар....

Дeнec нe oчeкyвa пpoменливо облaчнo време со coнчeви пepиoди

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Во северозападните делови облачно со повремени врнежи...
- Advertisement -

Зимата 2020/2021 се очекува да биде со натпросечни темератури и просечно врнежлива, покажуваат хидрометеоролошките следења и прогнози.

Како што соопшти УХМР, во однос на врнежите кои ќе бидат во рамки на просекот од периодот 1981 – 2010 година, мала е веројатноста за позитивно отстапување во источниот регион на Северна Македонија и за мало подпросечно отстапување во западниот дел. Во декември, особено во првата половина, температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој месец. Во втората половина се очекува мало заладување, но сепак температурите ќе бидат над просечните за овој дел од годината. Врнежите се очекува да бидат во рамки на просечни вредности, со незначителна веројатност за малку над просекот во втората декада од месецот.

-Очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морето во последните неколку месеци укажуваат на пораст на температурите на воздухот и на поголемиот дел од Европскиот континент и на температурите на воздухот во Северна Македонија. Температурите на воздухот во Северна Македонија за период декември 2020 – јануари 2021 – февруари 2021 имаат поголема веројатност да бидат надпросечни, со позитивно отстапување од 1 до 3 степени целзиусови од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде поизразено во источна Македонија, наведува УХМР.

Просечната температура за зимата (декември – јануари – февруари) 1981-2010 г. се движи од -1,5 степен целсиусов во Маврово до 5 во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90 милиметри во Штип до 319,4 милиметри во Лазарополе. Просечната температура за Скопје е два степена, а просечната количина врнежи 110 милиметри.

-Напоменуваме дека сезонскиот изглед на времето не може да обезбеди детални информации за интензивни краткотрајни временски неприлики (зимски олуи, екстремно студени периоди, екстремно влажни). За дополнителни и навремени информации потребно е редовно следење на подеталните краткорочни прогнози, кои редовно и вонредно ги издава Управата за хидрометеоролошки работи, се наведува во соопштението.

Latest News

СДСМ не може преку соопштенија да ја испере неспособноста на Радмила Шекеринска

СДСМ не може преку соопштенија да ја испере неспособноста на Радмила Шекеринска, реагираат денес од ВМРО-ДПМНЕ. Во прилог интегрален текст...

More Articles Like This