October 27, 2021, 9:28 pm

Ќe пocкaпaт вakцинитe „Фајзер“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Весникот „Фанпејџ“ пишува дека Европската Унија постигнала договор со американскиот производител на вакцини „Фајзер“ за зголемување на испораката на лекот за европскиот пазар и дека контингентот од 10 милиони дози, првично планиран за втората половина на годината, ќе биде испорачан во следното тримесечје.

Весникот исто така пишува дека производителот може да ја зголеми цената на лекот, кој веќе е меѓу најскапите на пазарот на вакцини, а за една доза се плаќаат 15,5 евра.

Директорите на американскиот фармацевтски див објавија дека цената на вакцината ќе се зголеми во следната фаза, кога вирусот повеќе нема да се шири пандемиски, туку ендемиски, односно ограничено на одредени области.

Весникот потсетува на неодамнешните изјави на еден од директорите на компанијата, Франк Д’Амели, кој рече дека вакцинацијата можеби ќе треба да се обновува секоја година, и дека во тој случај, откако ќе помине вонредната ситуација, компанијата може да ја прилагоди цената на вакцината според побарувачката на пазарот.

Latest News

Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена

„На 31ви, Општина Росоман ќе остане прогресивна општина, обединета која ќе го зграпчи убавото кое доаѓа пред нас, европската...

More Articles Like This