January 23, 2021, 8:28 am

Џамбаски: Бугарија се грaничи со самата себе си

Поврзано

Шаp планина повтоpно повод за koнфлиkт – Пpиштина и Белгpад се ckаpаа за Бpезовица

„Изјавата на премиерот на Косово, Авдулах Хоти, дека има намера да вложи 600.000 евра во Ски центарот Брезовица, од...

(Видео) Ckaндал во Хрватска: Ора и песни во ковид центар не почитувајќи ги епидемиолошките мерки

„РТЛ“ објави снимка од забава во болничката болница Дубрава, каде медицинските сестри и придружниот персонал пеат, танцуваат и пијат...

Дур Шилегов си игра мајтап со Скопјани, Белград добива метро

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, денес соопшти дека изградбата на првата линија на белградското метро од Железник...
- Advertisement -

Пратеникот во Европскиот парламент и заменик претседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски кажа под кои услови Бугарија би можела да го признае македонското малцинство.

Вели дека тоа би можело да го постави како услов Европската унија и нејзините финансиски фондови.

Бугарските европратеници од Бугарската социјалистичка партија ја допуштија таа глупост, таква резолуција која признава сепаратистичка антибугарска организација која се бори за признавање на непостоечко малцинство во Бугарија. И тоа ќе биде вечен политички срам за демократска Бугарија и за Бугарската социјалистичка партија, изјавил Џамбаски во разговор за бугарската телевизија „СКАТ“.

Нему му пречи што македонските медиуми ја споменуваат резолуцијата.

Вели дека бугарското општество знае дека на територијата на Бугарија не постојат национални малцинства, а Бугарија се граничи со самата себе си.

Џамбаски кажа и дека Македонија е еден од центрите на црни пропагандни операции на руско-кинески служби.

Најверојатно знаете дека во градот Велес, убавиот, некогаш бугарски град Велес се наоѓа најголемата фабрика за лажни вести во Европа која директно ја пренесува руската пропаганда од фабриката во Санкт Петербург, додава тој.

Џамбаски уште вели дека има шанси да се реши проблемот и Македонија да влезе во ЕУ, но требало „власите во соседната држава да престанат да си играат партизани“.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов кажа дека не знаел дека во Бугарија има македонско малцинство, а претходно бугарските власти бараа македонските власти да се откажат од тоа малцинство.

Latest News

(Фото) Собopи cтoлб: Teшкa cooбpaќајка вечepва на Pyзвелтова

Tешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на крстосницата меѓу улиците Франклин Рузвелт и Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје...

More Articles Like This