May 16, 2021, 9:59 am

Џамбаски со дpска провокација: Гоце Делчев бил бугарски офицep, бугaрcки кaдет, бугарски учител

Поврзано

- Advertisement -

Откако амбасадата на Руската федерација во Македонија преку нивниот твитер профил го одбележа загинувањето на Гоце Делчев и во која напиша дека тој е македонски народен херој, со реакција на социјалните мрежи излезе Ангел Џамбаски, бугарскиот европратеник од партијата на Каракачанов.

„Денес, 4 мај, е денот кој одбележува 118 години од смртта на големиот револуционер и војвода на ИМРО Георги Николов Делчев. Бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер. Еден од најзначајните револуционери во дваесеттиот век. Водач и идеолог на внатрешните македонско-одрински организации и борец за независност. Голем Бугарин.
Малку имиња во бугарската историја носат таков светла и славна ореол како името на војводата Георги (Гоце) Делчев, од Кукуш, Егејска Македонија. Денес тој заслужува да биде почитуван како еден од најголемите синови на бугарскиот народ. Лик исткаен со достоинство и бесконечна љубов кон народот и кон поробената Македонија, огнен дух, роден водач на Бугарите надвор од Бугарија. Тој не беше предодреден да се приклучи на Илинденското востание, тој падна со смртта на храбрите крај селото Баница, Серско, кон крајот на април 1903 година. Легендата за Гоце е жива и денес. Нема сомнение која е националноста на Гоце Делчев, бидејќи сè уште можеме да ги најдеме неговите ракописни, во кои тој се нарекува Бугарин.
Се додека постои Бугарија, ќе го паметиме Гоце! Се додека постои Бугарија, ние ќе го зачуваме сеќавањето и достоинството на Бугарите како Георги Николов Делчев!

Latest News

На инфekтивнитe oддeлeниja вo Македонија oд кopoнaвиpyc вo мoмeнтoв ce лekyвaaт 514 пaциeнти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 311 пациенти...

More Articles Like This