Џамбо Агушев: Во секое лошо има и добра страна

Поврзано

ЗАБАВА(Видео) Неверојатна сцена: Орел грабна ајкула

Посетителите на плажа во Јужна Каролина присуствувале на речиси неверојатен настан – тие виделе орел што грабнал ајкула од...

Се одлучи дека е доволно за овој живoт – Нaјплoднaтa жена на светот, која рoди 43 деца, реши дека повеќе нема да рaѓa

Мариам Набатанзи (41) од Уганда досега родила дури 43 деца, од кои на петпати четворки, четирипати на свет донела...

Поука: Водел буpен живот и имал многу пари, но на крајот од животот побарал само една работа

Кога ќе помислите дека парите се сѐ во животот, сетете се на оваа приказна… Еден богат човек бил на болничка...

Времето го минувам во изолација со мојот син Мерт, кој многу ми недостигаше за време на моите многубројни настапи низ светот. Па сега гледам да ги надоместам сите тие моменти


Со синот
Џамбо Агушев или кралот на трубата, како што го нарекуваат сите, од ден во ден реди успеси како на македонската така и на странската сцена. Со неговиот оркестар „Џамбо Агушеви“ дури имаат настапувано на каналот на светската телевизија БИ-БИ-СИ, Персија. А, тука се и многубројните соработки со познати музичари меѓу кои: Тото Котуњо, Хусну Сенлендиричи и Наташа Атлас.

Џамбо, по четврти пат беше прогласен за „Прва труба во Македонија“ на манифестацијата „Златна бубамара“. Но, оваа година неговиот најнов албум „Brasses For the Masses“ е прогласен за најдобар албум во светот од музичкиот магазин “Songlines“. Музичарот со интернационална кариера за ВЕЧЕР раскажа како ги поминува неговите денови дома, што најмногу му недостига во овие карантински денови и дека и тој, како и секој совесен граѓанин, строго се придржува до предложените мерки.

Седејќи дома си ужива во музичките звуци на трубата, но и со неговиот син Мерт.

– И јас како сите останати во нашата држава и пошироко деновите ги минувам дома. Тогаш размислувам за моите нови музички проекти кои ги има доста во мојата глава. Со господ напред, се надевам дека ќе ги остварам. Инаку, секако, дека вежбам ама со мојата прва љубов, а тоа е трубата. Јас многу сакам да јадам и сум голем гурман, а особено сум љубител на италијанската и турската кујна. Останатото време го минувам со мојот син Мертчо, кој многу ми фалеше за време на моите многубројни настапи низ светот. Па сега гледам да ги надоместам сите тие моменти. Така што во секое лошо има и добра страна, вели Џамбо.

Вистински другари се и хумани

Иако не се еден до друг како на досегашните настапи тие пак се заедно, но онлајн. „Џамбо Агушеви“ тоа не го прават само поради нивната дружба туку и за останатите граѓани со цел да не мислат на замавот на ковид-19.

– Најмногу ми недостасува дружењето со мојот оркестар. Поради моменталната ситуација се дружиме и свириме онлајн. На тој начин гледаме да го свртиме вниманието на луѓето да не размислуваат нон-стоп на актуелната тема ковид-19, а воедно да ги забавуваме преку социјални мрежи, раскажува Агушев.

Не само поради своето туку мислејќи и за доброто на другите луѓе, совесно постапува почитувајќи ги сите воведени мерки од надлежните.

– Јас активно ги почитувам сите препораки од страна на Владата со цел побрзо да се вратиме на нормалните секојдневни активности. Исто така ги почитувам и за моето, но и за здравјето на луѓето околу мене. А, топло им препорачувам и на другите да ги почитуваат за подобро утре на сите нас, вели Џамбо за весникот ВЕЧЕР.

Актуелно

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Повеќе вести