ЏАФЕРИ ДЕНЕС ТРЕБА ДА ГИ РАСПИШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ: Првиот круг треба да се оджри на 21 април, а вториот круг на 5 мај

Поврзано

Додека Филипче тера партиски ПР, во Македонија близу 7.000 зaбoлeни од кoрoнaвиpyc

Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава...

Предизборната кампања на средина – ВМРО-ДПМНЕ денес во Прилеп и Крушево, СДСМ во Чаир и Пробиштип

Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина....

Делови од Карпош и Гази Баба утре без cтpујa

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека за ден 06.07.2020 година (понеделник), планирани се следните технички зафати во електро-системот во...

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска треба да ги распише претседателските избори, за кои првиот круг треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај.

Политичките партии досега немаат објавено кандидати за претстојните претседателски избори. Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ своите кандидати решија да ги избираат преку јавен оглас.

Од СДСМ се уште немаат соопштено дали се пристигнати кандидатури. Генералниот секретар Александар Кирацовски денеска потврди дека процесот е во тек и оти на партиски конгрес на 3 март ќе биде официјалниот избор на кандидатот.

На огласот, пак, на ВМРО-ДПМНЕ пристигнале 10 кандидатури од кои една по истекот на рокот, по што партијата ги објави имињата на кандидатите од кои на конвенција на 16 февруари ќе изберат еден кој ќе влезе во трката за шеф на државата.

Од ДУИ иако велат дека имаат официјален став дека на изборите може да настапат со свој кандидат, сепак, оставаат можност пред истекот на рокот за поднесување на кандидатурите да постигнат и друго решение. ДУИ, вели пратеникотн Џевад Адеми, е комотен има и кандидати и квалитети и опции. И некои од помалите политички партии најавија дека на изборите ќе одат со свои кандидати.

На седница на собраниската Комисија за избори и именувања денеска треба да биде утврдена Предлог листата со канидатите за членови на новиот состав на Антикорупциската комисија. Изборот треба да помине и на пленарна седница најдоцна денеска за Комисијата да може да го следи и претстојниот изборен процес во делот на финансирањето на политичките партии.

Актуелно

Си легна на брашното, Заев ќе коалицира со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МИА вели дека очекува победа на изборите, па дури и поддршка...

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

Повеќе вести