ЏАФЕРИ ПО ФЕРМАНОТ ВО БРИСЕЛ: Западот ја врати Македонија во Среден век – ЕУ се однесува како робовладетел на Македонија!

  • May 8, 2017

Талат Џафери на симболично ниво покажува дека на прво место му се чувствата на Брисел, потоа Тирана, а на крајот на Македонија и нејзините интереси. Понатамошната борба против нелегитимнте власти во Македонија зависи од ВМРО-ДПМНЕ

dzaferi_ferman

Во средниот век, кога благородникот од едно племе воведувал нов посед, обичај било да го посети кралот, кој му давал потврда за поседот. Со тоа благородникот добивал легитимитет. Потоа, потврдата ја добивал од моќните барони, со што го утврдувал својот статус.

Слично било и во турско. Обичајот бил од султанот да седобие ферман, со кој се потврдувало правото на управа на одредена област.

Европа одамна излезе од Средниот век, а легитимитетот одамна се стекнува на избори. Ова правило важи секаде, освен на Балканот, посебно во Македонија.

Талат Џафери, кој за претседател на Парламентот во Македонија е избран по завршување на седницата, со звуците на албанската химна, во неможност легитимитот да го стекне на начин вообичаен во европските земји, со сесрдна помош на западот, тргна по патот на средновековието.

Прво доби честитки, замена за некогашните султанови фермани, од Вашингтон, Берлин, Брисел. Потоа во Скопје пристигнаа емисарите на господарите, Едуард Куан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн.

Потоа Џафери се упати за Брисел, метропола во која се сретна со „господарите“ кои, кога не успеа кај македонските граѓани, го потврдија за претседател на Парламентот на Македонија. Џафери, исто така доби и повик од Илир Мета, претседател на Парламентот на Албанија и новоизбраниот албански претседател да ја потсети Тирана.

Повикот Џаферија да ја посети Тирана ја покажува неговата недвосмислена поддршка за неговите покровители, ЕУ и Албанија, и приврзаноста кон реализацијата на планот опиан во „тиранска платформа“, вели аналитичарот Александар Гајиќ.

„Тој на ваков начин им порачува на македонските бирачи, на сите партии и Зоран Заев, дека тој цврсто е определен дека новата Влада мора да почива на тиранската платформа“, вели Гајиќ.

Посетата на Тирана од страна на Џафери ќе има и симболична порака која веќе беше видлива при неговиот влез во кабинетот на претседателот на Парламентот, кога на работната маса постави три знамиња – албанско, македонско и знамето на ЕУ, највисокиот суверен од кого Џафери црпи квазилегитимитет, додава Гајиќ.

sobranie

„На симболично и надворешнополитичко ниво тој покажува дека неговите приоритети се на прво место во Брисел, потоа во Тирана, а на најниско место се Скопје и политичката ситуација во Македонија“, вели Гајиќ.

Според неговите зборови, ситуацијата во Македонија нема да се смири со потврдата на Џафери на место претседател на Собрание. Иако ВМРО-ДПМНЕ под притисокот се откажа од радикалното спротивставување на наметнувањето на нелегалниот избор на Џафери за претседател на Собраниет, нема туку така да се помири со конституирање на Влада која ќе почива на антиуставни основи, односно „тиранска платформа“, вели Гајиќ.

Џафери веќе испрати документ во кој од претседателот на републиката Ѓорѓе Иванов бара да предложи Влада составена од СДСМ на Зоран Заев и албанските партии во рок од десет дена. Иванов, со оглед на тоа што отпатува на посета во Турција, најверојатно ќе го игнорира тоа барање и ќе почека тој рок да помине, вели Гајиќ, така да изборот на Влада ќе биде дупло разнишано.

„И поради несериозноста при изборот на претседател на Собранието и поради тоа што мандатот за состав на Влада нема да им биде доверен од страна на претседателот на државата. Најверојатно ќе одат на тоа да го направат на сила, на некоја врста самопрогласување на нова Влада и тоа, всушност ќе биде само продолжување на политичката криза“, вели Гајиќ.

Граѓаните кои протестираат и ВМРО-ДПМНЕ нема да се помират со таа ситуација, а како ќе реагираат сеуште е непознато, продожува Гајиќ и додава дека најверојатно ќе се обидат да го делегитимираат и изборот на Џафери за претседател на Собранието и избор на нова Влада.

„Веројатно ќе го потенцираат фактот дека роковите за избор на Влада се поминати. Имено, три месеци од конституирањето на Парламентот по изборите, поминаа сите рокови, и почитувајќи го законот, претседателот на Собранието би морал да распише нови парламентарни избори. Најлогично би било да бидат распишани со локалните избори, кои веќе доцнат. Меѓутоа, гледаме дека Заев и албанските партии нема да сакаат да одат на нови избори“, вели Гајиќ.

Тој предвидува продолжување, на како што вели, политичката драма преку разни видови на борба, а за какви битки ќе се работи, е знаеме кога ќе видима за каков вид на борба ќе се определи ВМРО-ДПМНЕ, заклучува Гајиќ.

Во Македонија е извршен државен удар, а сите се обидуваат да се преправаат дека тоа не се сучи, вели претставникот на српското малцинство во Собранието Иван Стоилковиќ.

Џафери на местото претседател на Парламентот го избраа Брисел, Вашингтон и Тирана и нормално, е вели Стоилковиќ, што Џафери оди во Тирана да го потврди легитимитетот.

Претходно «
Следно »