October 1, 2020, 2:28 am

ЏАФЕРИ: Собранието ќе добие поголема автономија

Поврзано

Заев за Каракачанов: Тој ми е пријател и тој премногу ја сака Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за ТВ Стар, говорејќи за пpоблемот со Бугарија, рече дека вицепремиерот на...

Владата плаќала по 448 денари за една маска, 1.788 за скафандер

Вкупно 6,7 милиони евра чинат договорите за итни јавни набавки на државните институции за заштита од коронавирусот склучени во...

Адеми инсистира наставата да биде со физичко присуство

Поранешниот министер за образование и наука Арбр Адеми во вечерашното гостување на ТВ24 рече дека останува на ставот дека...
- Advertisement -

Претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторите на сите пратенички групи, вклучувајќи ја и опозициската ВМРО-ДПМНЕ до пратениците доставија измени и дополнувања на Законот за Собранието, по скратена постапка.

Ова законско решение всушност е првиот чекор кон целосно осамостојување и независност на Собранието, како во однос на собраниската служба, Буџетот, а потоа и внатрешното обезбедување. Измените и дополнувањата на Законот за Собранието се однесуваат на собраниската администрација.

Претседателот на Собранието Џафери во изјава за медиумите ги објасни измените. Ќе има нова систематизација и нови служби.

Како приоритетно имајќи предвид спецификите на работа на Собранието донесовме одлука да биде осамостојувањето на Собранието по однос на собраниската служба. Собранието не може да ги пополнува и да ги дополни своите потреби по однос на движењето на кадрите внатре без соодветно совластие од Министерство за финансии и МИОА и во тој контекст Предлог – законот е Собранието понатаму да нема потреба да бара согласност од финансии и од МИОА, туку со внатрешна организација и со внатрешно балансирање на односите во самото раководство во Собранието се создаваат инструменти за да се обезбеди во рамки на усогласен буџет на Собранието за тековна година да се реализира самостојниот тој буџет со воспоставените инструменти на контрола, рече Џафери.
Со Законот се остава можност за ангажирање советници во Кабинетот на претседателот на Собранието, за што и досега имаше можност. Сепак, Џафери вели дека тој не чуствувал потреба да ангажира посебни советници.

Што значи априори предвидувањето советници во соодветните кабинети не значи дека ќе има потреба да се ангажираат. Се остава можност како што впрочем е и можноста да се сите други институции во државните органи, рече тој.

Собраниските службеници кои остануваат долго на работа, некогаш и во текот на ноќта, сега ќе имаат можност за паричен надомест, односно Законот предвидува можност работниците кои ќе бидат ангажирани за специфични потреби да земат до 30 отсто надоместок од основната плата.

Ова се само дел од измените и дополнувањата на Законот за Собранието, кои се очекува да бидат донесени од овој собраниски состав до 12 февруари, кога треба да се самораспушти Парламентот.

Latest News

Прогласен кapaнтин во Мадрид

На жителите на Мадрид, кој моментално е жaриште на инфекцијата, ќе им биде зaбрането да ги нaпуштаат домовите, освен...

Заев за Каракачанов: Тој ми е пријател и тој премногу ја сака Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за ТВ Стар, говорејќи за пpоблемот со Бугарија, рече дека вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов некогаш премногу...

Американските pазyзнавачки служби планирале да го отpyјат Асанж

Американските pазузнавачки служби планирале да го отpyјат или kиднапираат основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, пишува британскиот весник „Гардијан“. Деталите за оперaцијата ги раскажал поранешен вработен...

Внимавајте: Коpoнавирусот се пренесува и преку мобилните телефони

Мобилните телефони можат да го пренесат коронавирусот, сугерира истражување спроведена на италијанскиот универзитет „Тор Вергата“ во Рим. Истражувачите, предводени од професорот Џанлорето Д’Ало, откриле дека...

Прогласена вонpeднa состојба во Чешка

Чешката Влада прогласи вонpeдна состојба, која стапува во сила од понеделник, и воведе мерки кои вклучуваат огрaничување на собири и забрaнa за мјузикли и...

More Articles Like This