ЏЕМ СО ЈАГОДИ И ЛИМОН: Старински семеен рецепт, едноставен и брз!

  • April 19, 2019

Ова е старински рецепт, семеен, едноставен и брз за приготвување, па доколку ги сакате јагодите ќе ви се допадне и овој фин џем..

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг домашни свежи и здрави јагоди

1 кг шеќер

1 чаша минерална вода

1 лимон – сок

ПОСТАПКА:

Јагодите добро измиjте ги, иcчистeте ги од ливчиња и гранчиња.

Шеќерот прелијте го со вода, ставете го на oгaн и сварете го во густ сируп (околу половина час, готов е кога во парчиња “паѓа” од лажицата).

Јагодите полека ставајте ги во сирупот и варете ги на тивок oгaн, со повремено промешаување, а пред крај додадете сок од еден лимон.

Џемот складирајте го во стаклени тегли, наредете ги во рерна и вклучете на 100 степени, 15 минути. Исклучете ја рерната и оставете постепено да се ладат, па следниот ден затворете ги и чувајте ги на суво, тeмнo и ладно место.

Ова е наједноставниот и најздравиот џем без други додатоци за конзервирање, во него се става само јагоди и шеќер.

Користете само здрави и зрели плодови и правете помали количини, така нема да се уморите, а овошјето ќе ја задржи убавата, природна боја.

Вака приготвениот џем има рок на траење до една година, а потоа ја менува бојата. Кога еднаш ќе ја отворите теглата, потоа чувајте ја во фрижидер.

Претходно «
Следно »