ЏЕПАРОВСКИ: Признај се сам и ќе те признае светот

  • June 15, 2019

Борис Џепароски, охриѓанец што во Германија го привлече вниманието со своите уметнички дела направени со резбање дрво со моторна пила и со инсистирањето во секоја пригода и во тамошните медиуми дека е Македонец од Македонија, по последната промоција деновиве со обраќање до сонародниците.

„Секој си ја слави Македонија на свој начин. Признај се сам и ќе те признае светот. Биди свој. Ние Македонците сме гранки на тоа македонско дрво на вечноста, дрво со здрав корен и стебло. Некои се плодови, а за штета некои само паразити. Секој ќе се најде каде припаѓа. Горд сум што сум Македонец, а велат гордоста било грев, па знам, јас го прифаќам, тоа е добар гpeв. Гpeв со кој ние Македонците ќе го спacиме дрвото од паразитите. Сè е минливо, Македонија вечна!“, порача Џепароски, кој својата љубов кон Македонија ја изрази и со аплицирање на сонцето од Кутлеш на покривот од својата куќа во Германија.

Џепароски е познат и по своите скулптури од дрво на Исус и „Македонија – Феникс“ поставени во германското гратче Дорнхан каде што живее, на Св. Наум поставена во 2006 година во истоимениот манастирски комплекс во Охрид, потоа по гитарата од камен поставена покрај гpoбот на Тоше Проески во Крушево итн.

Претходно «
Следно »