ЏЕСИ ЛИНГАРД МОЖЕ ДА ГО НАПУШТИ ОЛД ТРАФОРД: Ѕвездата на Јунајтед се сели во Серија А

  • January 14, 2020
  • Коментари

Офaнзивниoт играч на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард може да го напушти Олд Трафорд и кариерата да ја продолжи во Италија, пренесуваат медиумите на Островот.

Неговиот агент Мино Раиола веќе работи на трансферот и имал разговори со италијанските гиганти Милан, Интер и Рома.

Солскјер не е задоволен од партиите кои ги пружа Лингард оваа сезона, па Манчестер Јунајтед е спремен да го продаде, а и самиот фудбалер сака да ја промени средината.

Споменатите италијански клубови се заинтересирани за Лингард, но трансферот ќе зависи од цената која ќе ја постават „црвените ѓaвoли“.

Претходно «
Следно »