ЏОНСОН НЕ ЈА ДАВА ШКОТСКА: Британскиот премиер Борис Џонсон денеска писмено и одговори на шкотската премиерка Никола Старџен

  • January 14, 2020
  • Коментари

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска писмено и одговори на шкотската премиерка Никола Старџен, отфрлајќи го нејзиното барање Единбург да добие надлежности за спроведување нов референдум за независност на Шкотска, пренесоа британските медиуми. Во актуелната ситуација референдумот не може да се спроведе без санкција од Лондон.

Старџен му пиша на Џонсон уште во декември, со барање да се влезе во преговори за префрлање на надлежностите врз Единбург за одобрување на плебисцит од британската Влада.

„Не мажам да се согласам со секое барање за префрлање на надлежностите кое ќе доведе до натамошни референдуми за независност“, напише Џонсон во писмото, кое го објавува на Твитер, кажувајќи и на шкотската премиерка дека во 2014 година се согласиле за референдум во кој Шкотланѓаните избраа да останат во Обединетото кралство, и ова гласање ќе биде „еднаш за секогаш“.

„Нов референдум за независност ќе ја продолжи политичката стагнација која се забележува во Шкотска во последната деценија… Време е сите да работиме за да го обединиме целото Обединето кралство“, напиша британскиот премиер во писмото до Старџен.

Претходно «
Следно »