ЏОРЏ ВАШИНГТОН БИ СЕ ПРЕВРТУВАЛ ВО ГРОБ: Конгресот ја критикуваше идејата на Трамп за доживотен претседател на САД

  • March 4, 2018

Членот на претставничкиот дом на Конгресот на САД Ро Хана го критикуваше говорот на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој иницијативата на кинеските власти да го укинат ограничувањето на мандатот на претседателот на државата ја нарече „сјајна“

„Без разлика дали е шега или не, да се зборува за доживотно управување слично на она на Кси Џинпинг е најголема антиамериканска работа која на себеси можеше да си ја дозволи еден американски претседател. Џорџ Вашингтон би се превртел во гробот“, напиша конгресменот на својот Твитер профил.

Претходно Си-Ен-Ен објави дека Трамп за време на затворањето на кампањата за собирање на средства на Флорида идејата за доживотно владеење ја оцени како „сјајна“:

„Сега е тој (кинескиот лидер Кси Џинпинг) претседател до крајот на животот. Претседател до крајот на животот. Па тоа е сјајно…И видете, тој успеа тоа да го направи. Мислам дека тоа е сјајно. Можеби би требало тоа еднаш да го пробаме“, изјави Трамп.

Минатата недела Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина објави нацрт на амандмани, од кој најважен е отстранувањето на временското ограничување за местото претседател на Кина. Според сегашниот Устав на Кина лидерот на земјата има мандат од пет години.

Претходно «
Следно »