October 27, 2021, 10:59 am

„ЏACИHДA APДEH VS KOПИTOTO HA BAШATA 3EМЈА“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џасинда Арден vs Копитото на Вашата Земја

И Арден и Копитото Ваше неписмено доаѓаат на власт во 2017 година. Таа е од ноември 2017та на Нов Зеланд, тој Црепот е од јуни 2017та на Вашата Земја.

Арден и покрај тоа што во 2017 година прави Влада едвај со 46 пратеници плус сите останати од малите опозициски партии, лани е реизрбрана за Премиерка, сама освојувајќи 64 од 120 пратеници. Вашето Говедо е реизбран со ‘магија’ и има парламент кој нема кворум за работа, седи дома и лапа кеш од народот за патни трошоци.

Арден и покрај тоа што не вети во програмата, успеа да ја зголеми минималната плата во Нов Зеланд 5 пати (500%), од 2,6$ на 14$ на час. Дополнително донесе и Закон за младите што се од 16 до 18 години, кои работат за џепарац или се на пракса, да бидат платени минимум 12.8$ на час. Од друга страна Вашиот Цреп донесе одлука за зголемување од +2000 денари во џебот на газдите олигарси по вработен и сме со официјална минимална плата од 1$ на час, со тоа што секој од нас познава многу кои се платени и по 0.5$ на час.

Арден во 2018 година донесе 10 годишен план за немање сиромашно дете во Нов Зеланд до 2028 година и мислам добро и оди, а само 2021 сме, а и пандемија е. Вашиот Гад има друг план.

Прва мерка на Арден на власт беше одлука за бесплатно високо образование, додека пак на Фашистот на Вашата Земја, трет ден на власт, тој веќе далечен јуни 2017та, беше да се стават печати на 2 концесии за марихуана, а сосема случајно излезе дека тие први 2 концесии беа на некои си таму непознати брат или прв братучед од негова фамилија.

Арден доаѓа на власт и на тогаш пресно новодонесениот Закон за даноци на десницата му вели, ова нема да може вака и го носи во тоалет како би се искористил за тоалетна хартија. Потоа носи нов закон за Данок на добивка од 40% за бизнисмените, олигарсите и за оние на кои сега им рипнале убаво платите, т.е. оние кои сега заработуваат над 180.000$ годишно. Најголем процент од новиот Данок на Арден беше пренасочен исклучиво во здравството и образованието. Тоа не толку голем и добар данок како во Шведска, Данска, слично, но сепак е нешто во споредба со ова нашево Копито кое вети скалест данок, го проба 1 месец, виде дека со него всушност си зема од џеб и става во буџет (наместо обратно) и го укинаааа, оти секое милионче од Биг Мајк и на бело и на црно е слатко милионче и што има државата да му се меша во тие милиони. Напротив, фирмите на нашиот милионер (на Трајчето, на Вицето), беа меѓу првите што се пријавија за државна помош како погодени од кризата.
Арден лани во март меѓу првите носи одлука да се затвори за влез и излез Нов Зеланд на минимум 14 дена. Тогаш бројките во Нов Зеланд беа поголеми од Македонија. Нов Зеланд остана затворен подолг период, па поради тоа дрски бизнисмени од Нов Зеланд одма ја тужеа на сите судови Арден и нормално го загубија случајот.

Резултат од мерките на Арден, до денес со нејзините мерки имаме вкупно 2.507 вкупно пријавени случаи на Ковид и за жал 26 смртни случаи на над 5 милиони население.

Од друга страна, Копитото неписмено на Вашата Земја одлично се справува со кризата, пофален е за тоа од ЕУ, му дадоа еден подолг како награда за тоа и резултат на тие негови мерки денес имаме 134.134 вкупно пријавени случаи на Ковид и за жал 3.905 смртни случаи на под 2 милиони населени, со најава дека тек ќе имаме страшни пикови.

Во Нов Зеланд Арден не дозволи да има симулација за масовна вакцинација по 6 хомосапиенси на час, не, таму од јануари си има објавена листа, за точно прецизно кој во која ризична група припаѓа и како првите 3 од 5 милиони (најризичните) ќе се извакцинираат по датуми до јуни. Останатите 2 милиони, младите од јули па натака.

Кај нас Копитото набави масовно 24.000 вакцини и досега веќе имаме 3 најави последните 8 дена за почеток на МАСОВНАТА вакцинација, но како што велат старите – 10 пати симулирај, еднаш не прави ништо.

Арден е само втората Премиерка во свет која користела трудничко за време на мандатот, а ова Црепов на Вашата Земја да беше на трудничко овие 5 години, сигурен сум ќе бевме барем околу 700 пати во подобра позиција буквално на секое поле.

Читам за Арден и нејзината улога и постигнување на поле социјала, сиромаштија, права на жената и детето и глуп ко што сум земав да ја споредувам со нацистот Царовска,… ахххх мамицата ваша проклета и вашите фирми и милион “невладини”!!

Арден минатата година прогласи и вонредна климатска состојба во Нов Зеланд поради глобалното затоплување од 1,5 степени и му прогласи војна на светско ниво на јаглерод диоксидот. Донесоа декларација и таа стигна и до ОН и се повеќе земји официјално се приклучуваат за заедничка борба. Нашето Копито, во земја која за разлика од Нов Зеланд има јаглерод диоксид, замислете да има мозок и да… баталете, пред 2 недели возеше метларка.

Да не должам, наместо да си гледам Саутемптон – Барнли, јас…

Арден е мормон, ова телево е редок вид на МОРОН.

Арден не е аболицирана од претседател за криминал.

Арден не се вози со министерот за здравство со мотори за време на пандемија во земја која министерот за здравство вели дека нема потреба од никакви мерки повеќе оти вирусот бил веќе насекаде,… и се уште МОНСТРУМОТ си нема поднесено оставка и не е во затвор.

Баталете, ќе ми требаат 10 дена минимум да допишам…

Фејсбук статус на Јосиф Џолев

Latest News

(Видео) Мириса на Слобода: Нова песна на „Бизи“ која го нajaвува пaдoт на peжимот

„Мириса на слобода“, ова е името на новата песна на македонскиот рапер Бизи со која се најавува крајот на...

More Articles Like This