Абдулаќим Адеми погребан во родното Шемшово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На гробиштата во тетовското село Шемшово, денеска беше погребан генералниот секретар на Демократска унија за интеграција, Абдулаќим Адеми, кој почина по тешко боледување. Од него се простија членови на семејството, пријатели, сопартијци и познаници.

На погребалната церемонија присуствуваа лидерот на ДУИ, Али Ахмети и членови на Демократската унија за интеграција како и владини функционери.

По погребалната церемонија, сопартиецот од ДУИ, Бујар Османи, му заблагодари на Адеми за добрите дела што ги направи додека беше дел од извршната власт, со ветување дека неговите почнати проекти  и натаму ќе се спроведуваат.

-Како носител на високи државни и национални функции, како пратеник, вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор, како министер за животна средина, и потоа за образование, направи Албанците државата да ја чувствуваат за своја. Бројни училишта и проекти до лани, меѓу кои и основањето на новиот државен универзитет на албански јазик, го носат потписот на Адеми. Ќе направиме се овој отворен фронт на проекти што останаа до половина да ги довршиме како твој непишан тестамент, рече Османи во неговиот говор.

На крајот на церемонијата беше прочитана телеграма со сочувство од премиерот Зоран Заев.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This