АБЕРОТ HE СТИГНАЛ ДО ВРАБОТЕНИТЕ: Со службено возило на општина Прилеп заминал на риболoв, па се cтeпaл со мeштaнитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наспроти препораките на градоначалникот на општина Прилеп Илија Јовановски, кој денес ги повика граѓаните доследно да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирусот, со апел да се избегнуваат собирања по домови но и во викендичките, до вработените во општината аберот се уште нема стигнато

Со службено возило на општина Прилеп, вработен во општинската администрација како техничко лице, од вчера (сабота) тера викенд и риболови на Црна во месноста Расимбегов Мост во близина на с.Витолишта.

И пред да демантираат од општината со образложение дека вработениот заминал во Витолиште за да дели храна, бидејќи со такво образложение и го земал службеното возило, јавноста треба да знае дека во месноста каде општинскиот службеник ловел риба е викенд населба во која нема постојани жители.

Освен риболовот, општинскиот службеник е пријавен и во пограничната полиција во с.Витолиште, откако во текот на вчерашниот ден влегол и во физичка пресметка со еден од мештаните при што му ги искршил забот.

Дополнително, ниту едно село од околината на Прилеп, па ниту Витолиште не е во групата ризични и не е ставено под крантин. Оттука, образложението дека вработениот доставувал храна поради актуелната состојба е нерелеватно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This