АБЕР ПРИСТИГНА И ОД ГРЦИЈА: Грција ја испрати нотата до Македонија со што уставните измени за новото име може да стапат на сила!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грција и ја достави на Македонија нотата со која ја информира дека ги исполнила своите обврски за да може Договорот од Преспа да стапи на сила, објави телевизија Телма. Се очекува уште вечерва во Службен весник да биде објавен датумот кога стапуваат на сила уставните измени и уставните закони, со кои Република Македонија ќе стане Република Северна Македонија.

Во подготовка на промената на името од зградата на владата рано утрово беа отстранети буквите „Влада на Република Македонија“. Се очекува новото име да биде поставено до утрешната свечена церемонија на подигање на знамето на НАТО пред влдата.

По владата ќе се менуваат и таблите на Собранието, министерствата, граничните премини, амбасадите. Според информациите на Телма веќе се изработени таблите со новото име, а граничниот премин Богородица кон Гриција ќе ја добие прво таблата со новото име. Изработени се и нови интернет-страници на владата и министерствата со новото име.

По нотата од Грција, двете земји ќе испратат заедничко писмо до Генералниот секретар на ОН дека спорот со името е надминат и од кога Договорот од Преспа стапува на сила. Македонија потоа со писмо ќе го информира Секретаријатото на ОН, земјите-членки, како и сите меѓународни организации за новото уставно име.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This