АБЕР ПРИСТИГНА, ОТАДЕ ЊУЈОРК: Абер пуштиле од Америка, попис ќе има во 2019-та

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попис на населението во Република Македонија ќе се одржи по две години, соопштил премиерот Зоран Заев на средба со претставници на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во Њујорк.

Премиерот  дал ветување дека попис ќе биде спроведен во 2019-та, тврди ОМД во соопштението за средбата што се одржа оваа недела во Њујорк, каде премиерот со владина делегација присуствуваше на 72. Генерално собрание на Обединетите нации.

Овој термин бил споменат во контекст на објаснувањето на Заев на потребата од Законот за употреба на јазиците кој претставува само последниот легален дел од Законот за јазици донесен во 2008 и во 2011 година и не задира во Уставот на Република Македонија.

За ОМД е неприфатлив овој Предлог закон зашто се „задира во македонскиот устав, унитарноста, националните интереси, територијалниот интегритет на Република Македонија, како и можно креирање на бинационална држава наместо држава за Македонците и сите малцинства со подеднакви права“, стои во соопштението на ОМД лиферувано вчера.

Последниот попис на населението беше спроведен во 2002 година, а најавениот во 2011-та беше стопиран по колективната оставка на пописната комисина на 10 октомври таа година.

Поради тоа, прашањето за бројот на население, остана да виси како отворен проблем кој неретко служи како оружје за политичка пресметка или како закана во дедбатите околу жешките меѓуетнички прашања, како што се случува и сега во расправите за  потребата за проширување на употребата на албанскиот јазик.

Според проценката објавена од Државниот завод за статистика во 2016, во Република Македонија има 2.072.490 жители, што е за педесетина илјади жители повеќе од состојбата во 2002 кога со попис биле констатирани 2,022,547 жители.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This